
Фото: Принтскрин
На денешното судско рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, адвокатите на првообвинетиот Љупчо Палевски се обидоа да му обезбедат алиби, презентирајќи документи поврзани со неговото движење во времето на убиството на Вања.
Како клучен доказ, одбраната приложи уплатница од една скопска банка, со која тврдат дека Палевски во тоа време се наоѓал во експозитурата на Халк Банка.
„Побаравме запис од надзорните камери на Халк Банка од 27 ноември 2023 година за периодот од 10 до 12 часот, за да утврдиме во кое време точно Палевски влегол во банката. Како доказ доставуваме уплатница од извршена трансакција од страна на Палевски во 11:40 часот. Тој двапати се враќал во експозитурата на банката во Буњаковец, лоцирана на булеварот ‘Партизански одреди’, поради уплатницата“, изјави неговиот адвокат пред судот.