
Во вторник, на 4 март 2025 година, во Собранието на Србија се случи поголем инцидент. Се фрлаа димни бомби, пратениците и пратеничките станаа на нозе, а една пратеничка од СНС беше тешко повредена и доживеа мозочен удар.
За време на самата седница, пред да се случи хаосот, пратеникот од СНС, Марко Атлагиќ, се обиде да ја надвика бучавата.
Во жарот на говорот и обидот да ги надвика другите, на Атлагиќ во еден момент, додека зборуваше за студентите и образованието, замалку ќе му испаднеше протезата, но искусниот пензиониран професор вешто ја врати назад.