
Фантастичната Ведрана Тунески, една од најголемите надежи на македонското таеквондо и потенцијална олимпијка, имаше блескав настап на престижниот турнир „Бугарија Опен“.
Тунески доминираше на натпреварувањето, освојувајќи златен медал со четири убедливи победи. Во првото коло извојува сигурна победа против Бугарката Боновска, додека во четвртфиналето ја совлада српската натпреварувачка Маша Зорица со 2-1.
Полуфиналето донесе уште една неизвесна борба, но македонската репрезентативка повторно покажа борбен дух и со истиот резултат (2-1) ја победи Карина Довжањин од Украина.