Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Минималецот може да биде 500 евра, но само под еден услов

Gladiator 01/03/2025

Минималната плата во земјата во моментов ја примаат повеќе од 20.000 вработени, при што најголемиот дел од нив работат во мали и микро претпријатија. Работодавачите генерално се согласуваат дека постои простор за нејзино зголемување над 500 евра, но под услов тоа да биде поддржано со реална економска основа, како што е зголемување на продуктивноста и економскиот раст.

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) во понеделник официјално ќе достави барање до Владата, Собранието и останатите засегнати страни за зголемување на минималната плата на 500 евра.

Во меѓувреме, се очекува Владата да формира посебна комисија која ќе се занимава со прашањата за репрезентативноста на синдикатот и понатамошните чекори за усогласување на платите. Пред неколку дена, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека се надева на што поскоро формирање на ова тело и потврди дека Владата ќе го прифати договореното решение помеѓу синдикатите и работодавачите.

Дополнително, синдикатите и работодавачите разгледуваат можност за покачување на платите до 500 евра, но со услов дел од придонесите да бидат покриени од страна на државата. Според проценките на „Сител“, за оваа мерка би биле потребни околу 1,7 милиони евра од државниот буџет.

Од синдикатите сметаат дека државата нема да биде оштетена, туку парите повторно ќе се вратат во буџетот преку поголемо трошење на финансиски средства.

„Ние работниците нема да трчаме во банка да ги ставиме парите да ги штедиме, туку ќе ги трошиме на основни производи во маркетите, па така државата од ДДВ ќе добива пари“, велат од синдикатите.

Tags: Минималец пари

Continue Reading

Previous: Макрон по тензиите во Белата куќа: Русија е агресор, а Украина е жртва
Next: Захарова: Не знам како Трамп се воздржа да не го удри Зеленски

Најново

  • Мистерија во Германија: Исчезнатата Тамара наводно влегла во такси, семејството се плаши од најлошото
  • (ВИДЕО) Автобус со над 30 патници излета од патот поради крава во Индија
  • (ВИДЕО) Неверојатна сцена во живо: Автомобил удри новинарка пред камерите, нејзината реакција стана хит!
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Стравични сцени: Детска игра се претворила во кошмар и завршила со пад од 8 метри на осумгодишно девојче!
  • (ФОТО) Вознемирувачки инцидент во Кисела Вода: Непознато лице се обидело да отклучи туѓ стан!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Мистерија во Германија: Исчезнатата Тамара наводно влегла во такси, семејството се плаши од најлошото

Мистерија во Германија: Исчезнатата Тамара наводно влегла во такси, семејството се плаши од најлошото

21/11/2026
(ВИДЕО) Автобус со над 30 патници излета од патот поради крава во Индија

(ВИДЕО) Автобус со над 30 патници излета од патот поради крава во Индија

21/11/2026
(ВИДЕО) Неверојатна сцена во живо: Автомобил удри новинарка пред камерите, нејзината реакција стана хит!

(ВИДЕО) Неверојатна сцена во живо: Автомобил удри новинарка пред камерите, нејзината реакција стана хит!

21/11/2026
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Стравични сцени: Детска игра се претворила во кошмар и завршила со пад од 8 метри на осумгодишно девојче!

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Стравични сцени: Детска игра се претворила во кошмар и завршила со пад од 8 метри на осумгодишно девојче!

21/11/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Мистерија во Германија: Исчезнатата Тамара наводно влегла во такси, семејството се плаши од најлошото
  • (ВИДЕО) Автобус со над 30 патници излета од патот поради крава во Индија
  • (ВИДЕО) Неверојатна сцена во живо: Автомобил удри новинарка пред камерите, нејзината реакција стана хит!
  • (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Стравични сцени: Детска игра се претворила во кошмар и завршила со пад од 8 метри на осумгодишно девојче!
  • (ФОТО) Вознемирувачки инцидент во Кисела Вода: Непознато лице се обидело да отклучи туѓ стан!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.