
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во емисијата „Само Интервју“ најави дека системот „Безбеден град“ ќе биде ставен во функција во најкраток можен рок, со што ќе започне тест-период во траење од два до три месеци.
Тошковски нагласи дека посебен акцент ќе се стави на најтешките прекршувања на законот, како што се екстремно пребрзо возење, управување возило под дејство на дрога или со висока концентрација на алкохол, како и возење без возачка дозвола.
За овие прекршители ќе следуваат најригорозни санкции – трајно одземање на возилото, кое потоа ќе биде предадено на Министерството за здравство, одбрана или внатрешни работи, а можно е и да биде ставено на јавна лицитација.