
Заменик-министерот за правда, Ален Деребан, во изјава за „Гласот на Америка“ нагласи дека властите се во постојан контакт со надлежните институции во соседните земји во врска со лоцирањето и апсењето на Артан Груби.
„Во постојана комуникација сме со министерствата за правда од регионот и очекуваме во најкраток можен рок лицето да биде пронајдено и приведено. Веднаш штом тоа се случи, ќе ги преземеме сите неопходни правни чекори за негова екстрадиција во Република Македонија“, изјави Деребан.
Тој додаде дека, во моментов, не може да открие конкретни информации за неговата локација, но изрази увереност дека процесот на екстрадиција ќе започне веднаш по неговото пронаоѓање.