На 25 февруари 2025 година, во 11:10 часот, во Полициското одделение Арачиново била пријавена сериозна закана со огнено оружје врз четворица вработени во ЕВН Македонија.
Според првичните информации, едно лице се заканувало со пиштол на С.Ц. (55) од Скопје и тројца негови колеги, додека извршувале службени активности на терен.
МВР соопшти дека се работи на расчистување на случајот.