
Вечерва избувна пожар во стан во скопската населба Кисела Вода, при што пожарникарите интервенирале со неколку противпожарни возила и успеале за кратко време да го локализираат пожарот.
Во пожарот, со полесни повреди се здобиле три лица, како и еден пожарникар, кои се испратени во соодветни установи за понатамошно лекување, изјавија од противпожарната бригада.
Засега нема информации за причината за пожарот, која дополнително ќе биде објавена.