
Игор Коруноски, директорот за влеча и одржување на возови, сподели видео на својата Фејсбук страница, прикажувајќи го попладневниот воз на релацијата Скопје – Куманово.
Со оваа објава, тој реагираше на неодамнешните тврдења дека оваа железничка линија ја користи само еден патник, оценувајќи дека ваквите изјави имаат за цел да ги потценат напорите за обновување на редовниот железнички сообраќај.