Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор донација земјотрес кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква штип
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Сестрата на Фросина го најави протестот: Тргнуваме од местото каде што заврши сонот на Фросина

Gladiator 15/02/2025

Росица Кулакова, сестрата на трагично починатата Фросина, денеска и официјално стана дел од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“, каде што ќе делува како нејзин претставник и гласноговорник во име на Фросина.

Таа нагласи дека утрешниот протестен марш има јасни и конкретни барања кои ќе бидат упатени до надлежните институции, со цел да се постигнат вистински промени и одговорност во системот.

„Денес официјално се приклучив кон иницијативата “Кој е следен” како претставник на целото наше семејство и гасноговорник за Фросина.

❗️Да нема забуни, манипулации и политизирање! Нешто што ние од првиот ден го бараме!

‼️Ова е граѓански протест, протест на народот, протест на тагата, на револтот и на желбата да се остане тука!

📍16.30ч пред Универзална Сала.

Симболично тргнуваме од овде. Местото каде што заврши сонот на Фосина. Местото каде што се прели чашата со крв. Местото каде што оваа иницијатива започна. Да и оддадеме почит на Фросина но и на сите жртви на корумпираниот и трул систем.

📍17.00ч пред Влада ( извршна власт)

Ние како семејство јавно се заблагодаривме и сме благодарни на досегашната поддршка од Владата.

Не протестираме против Владата, напротив, бараме да продолжи да не поддржува и нас како семејство, но исто така бараме да ја поддржи и иницијативата “Кој е следен” и да ги сослуша барањата што ќе произлезат од протестите. Истото го бараме не само од власта туку и од опозицијата!

📍17.45ч пред Собрание (законодавна власт)

Бараме да се вклучат во промената на законите и Парламентот активно да контролира како тие закони се спроведуваат.

📍18.30ч пред Апелационен Суд (судска власт)

Бараме да се свестат дека гнојот во општеството доаѓа од овде! Бараме да сфатат дека и тие се дел од народот! Бараме чинителите на судската власт да престанат да ги бранат нечесните меѓу нив, а веруваме дека не сите судии и обвинители се исти!

🙏🏼 Ве повикуваме сите да ни се приклучите во оваа борба за подобро утре! Сите сме Фросина!!! Секој еден може да е следен❗️

Се гледаме утре пред Универзална во 16.30!

🪩 ПРАВДА ЗА ФРОСИНА“, вели Росица во соопштението.

Tags: протест Фросина Кулакова

Continue Reading

Previous: Македонскиот ски-центар „Попова Шапка“ слави независност на друга држава
Next: Возот од Скопје до Куманово вчера го користел еден патник

Најново

  • (ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски
  • Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство
  • (ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието
  • (ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…
  • (ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски

(ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски

07/02/2026
Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство

Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство

07/02/2026
(ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието

(ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието

07/02/2026
(ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…

(ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…

07/02/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) „Над две третини од запленетата дрога е на фирма на соработник на Заев“, вели Петрушевски
  • Почина Коста Лазаров Балабанов – истакнат историчар и чувар на македонското културно наследство
  • (ФОТО) „Или си за работниците, или против нив“: Повик за блокада на пратениците пред Собранието
  • (ВИДЕО) Бране Петрушевски за барањата на ССМ: Во Македонија се потребни повисоки плати, но…
  • (ФОТО) Независниот полициски синдикат ќе протестира: За закани кон полицајци се оди во притвор

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.