Две противпожарни екипи од скопската бригада се на терен во населбата Тафталиџе 2, Општина Карпош, каде избувнал голем пожар, објави „Инфомакс“.
Според првичните информации, пожарот зафатил стан во станбена зграда. Засега нема податоци за евентуални повредени лица, а екипите на противпожарната служба работат на локализирање на огнената стихија.
Видеото може да се погледне ТУКА.