
Камерите што се поставуваат во Скопје и неколку други градови низ државата наскоро ќе бидат целосно функционални и ќе започнат со автоматско испраќање на казни до граѓаните на нивните домашни адреси.
Според Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, системот е речиси целосно подготвен за пуштање во употреба, а неговото официјално активирање е планирано за 1 јануари 2026 година.
„Убеден сум дека системот ќе стартува на 1 јануари 2026 година“, изјави Тошковски во интервју за емисијата „360 степени“.