
Денес ќе се одржи голем протестен марш под наслов „Стоп за сообраќајното насилство“ во Неготино, кој е организиран од страна на пријателките на Фросина Кулакова, која беше прегазена во Скопје.
Во повикот за протестот се наведува дека за учесниците од други градови ќе биде обезбеден бесплатен превоз до Неготино и назад, за да може што повеќе луѓе да се приклучат на оваа важна иницијатива.
Маршот има за цел да ја подигне свеста за сообраќајното насилство и да побара построги санкции за сторителите
„Време е да ја подигнеме свеста за трагедиите кои секојдневно се случуваат на нашите улици. Овој протест е повик за промени, порака дека е доста со жртви во сообраќајот. Маршираме за Фросина, за Викторија, за сите кои го загубија животот поради несовесни возачи и нефункционални институции“, стои во повикот за учество.