
Скопјанец на 6 февруари пријавил дека околу 12.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал од Центар до општина Аеродром, неколку машки малолетни лица ја вознемирувале неговата малолетна ќерка.
Малолетниците ја допирале по телото, при што едно од нив се соблекувало пред неа, информира МВР.
Известен бил јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.