Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус белград грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја трагедија фросина кулакова црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Мајката на Фросина: Душава ми гори од болка, а срцето ми е распарчено, правда мора да има

Gladiator 06/02/2025

Мајката на загинатото девојче Фросина, Камелија Кулакова преку социјалните мрежи објави порака во која посочи дека ќе се бори за правда.

Фросина беше прегазена на пешачки премин на „Партизанска“ во Скопје кога возачот Васил Јованов со огромна брзина, со алкохол во крвта и без возачка дозвола „летал“ низ градските улици.

„Почитувани родители, млади луѓе-идни родители. Душава ми гори од болка, а срцето ми е распарчено., но морам да ви се обратам.

Сето ова популаризирање на нашата семејна трагедија е дотурање на сол на нашата рана која никогаш нема да се залечи.

Јас бев горда мајка. Пораснав три златни деца. Ги воспитував и учев да бидат добри личности. Добри, чесни и доблесни луѓе. Да си ја сакаат татковината. Да си ја почитуваат културата и традицијата. Да сочувствуваат. Да споделуваат радост и тага. Секогаш да се ставаат на другата страна пред да осудат и да ги разгледуваат нештата од сите страни пред секоја своја постапка.

Тоа е многу тешка задача. Особено во ова време- невреме.

И што се случи…..

Соништата на Фросина беа и наши соништа.

И што се случи…..

Огромна празнина, неподнослива болка, траорни слики кои постојано ти поминуваат пред очите и безброј зошто, зошто, зошто, зошто баш Фросина…..

И во еден момент си поислив…. можеше да е друго дете, син, ќерка, сестра, брат, љубена, Љубен, другар. Можеше друго семејство да се распаѓа од болка. А болката не познава политика. Незнае за вера, раса, нација…само едно БОЛКА.

И тогаш си реков. Морам да сум силна. Морам да сум силна за да има правда за моето чедо и сите деца чии родители, браќа, сестри не ја дочекале правдата за нив. И нема да се скршам. Ќе одам до крај. Ќе бидам мајка, татко, сестра брат….

Меката, светла и моќна енергија на Фросина ме води и ми дава сила. И не само мене, на сите нас.

Заради тоа најискрено ве замолувам да не правите политика од оваа наша семејна трагедија. Бескрајно сум благодарна на сите кои искрено сочувствуваат со нас.Бескрајно сум благодарна на медиумите, на новинарите кои ми помогнаа некои работи да ми станат многу повеќе јасни. Благодарам на сите политичари-ЛУЃЕ, кои застанаа на нашиот пат благодарам на народот кој не подржува, зошто, без притисокот на народот и медиумите патот на правдата немаше ни да започне.

Затоа сакам да ве прашам.

Па нели благодарноста е доблест и основно начело на секое општество, цивилизација, религија.

ПРАВДА ЗА ФРОСИНА МОРА ДА ИМА ЗОШТО

“СЕКОЈ ЕДЕН МОЖЕ ДА Е СЛЕДЕН”

Почивај во мир сонце мое.

Нека ти е светол патот.

Една e мајка“, објави Камелија.

Tags: Васил Јованов Камелија Кулакова

Continue Reading

Previous: Доктори се тепале во операциона сала во штипската болница
Next: Да помогнеме на Емилија: Мајка на две деца која се бори со сериозна болест

Слична содржина

(Фото) Деца од сите земји парадираа низ Скопје за ЕМОФ

(Фото) Деца од сите земји парадираа низ Скопје за ЕМОФ

22/07/2025
„Бујар Османи живее во дивоградба“, вели Меџити

„Бујар Османи живее во дивоградба“, вели Меџити

22/07/2025
Прекрасна вест за пензионерите – ќе има зголемување на пензиите

Прекрасна вест за пензионерите – ќе има зголемување на пензиите

22/07/2025

Најново

  • (Фото) Деца од сите земји парадираа низ Скопје за ЕМОФ
  • „Бујар Османи живее во дивоградба“, вели Меџити
  • Прекрасна вест за пензионерите – ќе има зголемување на пензиите
  • „Како што пораснав јас во Чаир, сакам да растат и моите деца“, вели Османи
  • (Видео) Се запали куќа во центарот на Кочани

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(Фото) Деца од сите земји парадираа низ Скопје за ЕМОФ

(Фото) Деца од сите земји парадираа низ Скопје за ЕМОФ

22/07/2025
„Бујар Османи живее во дивоградба“, вели Меџити

„Бујар Османи живее во дивоградба“, вели Меџити

22/07/2025
Прекрасна вест за пензионерите – ќе има зголемување на пензиите

Прекрасна вест за пензионерите – ќе има зголемување на пензиите

22/07/2025
„Како што пораснав јас во Чаир, сакам да растат и моите деца“, вели Османи

„Како што пораснав јас во Чаир, сакам да растат и моите деца“, вели Османи

22/07/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (Фото) Деца од сите земји парадираа низ Скопје за ЕМОФ
  • „Бујар Османи живее во дивоградба“, вели Меџити
  • Прекрасна вест за пензионерите – ќе има зголемување на пензиите
  • „Како што пораснав јас во Чаир, сакам да растат и моите деца“, вели Османи
  • (Видео) Се запали куќа во центарот на Кочани

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.