
На денешната прес-конференција, јавниот обвинител Љупчо Коцевски го презентираше случајот со смртното прегазување на Фросина Кулакова од Неготино, за кое осомничен е 20-годишниот Васил Јованов од Скопје.
Коцевски истакна дека станува збор за кривично дело извршено со умисла, и дека против осомничениот се води постапка за едно од најтешките кривични дела во областа на сообраќајната безбедност.
Највисока казна која е определена за вакво слично дело беше во Велес, кога 27-годишен возач прегази 11-годишно девојче на пешачки премин.
Најпрво му беше определена затворска казна од 18 години, но потоа Апелација ја намали казната на осум години.