Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус белград грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја трагедија фросина кулакова црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Судијката се брани дека не можела да знае дека Јованов ќе прегази пешак, криви биле црните точки каде секој можел да направи сообраќајка

Gladiator 31/01/2025

Кривичниот суд ја објави пресудата донесена од судијката Даниела Алексовска-Стојановска, со која на 31 јули минатата година му била изречена воспитна мерка на возачот Васил Јованов, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулавкова.

Со оваа одлука, судот го ослободил Јованов од притворот во Шутка, каде што поминал три месеци. Во пресудата се наведени и олеснителните и отежителните околности кои влијаеле врз конечната санкција.

Како клучен фактор за ваквата одлука, судијката ја посочила младоста на обвинетиот, иако Јованов претходно бил поврзуван со неовластено поседување и продажба на наркотични средства, вклучувајќи марихуана и кокаин.

„Судот при одмерување на видот на кривичната санкција – воспитната мерка – заводска мерка, упатување во воспитно поправен дом, ги имаше во предвид одредбите од чл.39 од КЗ, кои се од влијание за индивидуализација на истата. Како отежнувачки околности, судот ги ценеше природата и карактерот на овој вид кривични дела, кои претставуваат деликт на апстрактно загрозување на здравјето на луѓето како примарен објект на заштита на овој вид кривични дела, особено помладата популација, посебно здравјето и развојот не само на младината, туку и воопшто на целокупната популација, за која била наменета предметната дрога, општествената опасност од аспект на позачестеното извршување на овие дела, преземањето на дејствија на обвинетиот за кои знаел дека се противправни и казниви, побудите за сторување на ова кривино дело, поточно можноста за брза заработка која ја овозможува продажбата на наркотичната дрога, оттука и лукративната цел заради која што била вршена продажбата на предметната дрога марихуана која потекнува од растението канабис (лат.Cannabis plant), која се добива со сушење, дробење или ситнење на врвни делови-вршунки и лисја од растението Cannabis, но исто така и опојна дрога кокаин (лат.Cocaine), кои спаѓаат во првата категорија на опојни дроги кои се забранети, согласно Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции-редакциски пречистен текст и Листите за класификација на супстанции и растенија во листите од меѓународните конвенции за опојни дроги и психотропни суптанции во категорија на опојни дроги и психотропни супстанции, донесени од Министерството 2 (Сл. Весник на РСМ, бр.104 од 10.05.2021 година), а кои обвинетиот неовлстено ги држел во стан на ул.„…“ кој го користел, а заедно и со обвинетата Л. во станот на ул.„…“, во кој таа привремено престојувала.

Сите овие околности, судот ги ценеше во корелација со личните, семејните и материјалните прилики на обвинетиот, кој е многу млада личност, роден … година, на возраст од неполни 20 години, а делата за кои се товари ги сторил во период кога имал 19 години, односно на прагот на полнолетсвото, кое нешто укажува на тоа дека во време на сторување на делата немал некое животно искуство како полнолетен. На оваа околност судот особено обрна внимание, со оглед на младоста на обвинетиот, кој немал доволно животно искуство како полнолетен, со оглед да со настапувањето на полнолетството секој млад човек се судира со проблемите и предизвиците за кои често се несвесни и истите не ги прифаќаат доволно сериозно. На оваа возраст помладите полнолетни лица често можат да западнат во сериозни проблеми, не размислувајќи за последиците, како и тоа дека постапките како полнолетни поинаку се третирани одошто истите би биле третирани во нивниот малолетничкиот период. Судот како олеснителна околност ја ценеше и семејната и материјалната положба на обвинетиот, кој е со завршено средно образование, моментално студент, невработен, неимотен, околноста дека обвинетиот не евидира во казнената евиденција, што значи првпат доаѓа во судир со законот, а против истиот ниту како дете не биле изрекувани воспитни мерки или казна затвор за деца, ниту пак се водат постапки за други кривични дела“, се вели во дел од соопштението на Кривичен суд.

Целосното соопштение на Кривичен суд може да се прочита ТУКА.

Tags: васил јованов фросина кулакова

Continue Reading

Previous: Бил „психички паднат“ и не можел да го повтори делото: Возачот Јованов бесрамно се противел на притворот
Next: Уште еден прегазен пешак за време на протестот на Фросина – возачот избегал!

Слична содржина

Македонец загина во Грција

Македонец загина во Грција

23/07/2025
Претседателот на Собранието, Африм Гаши итно пренесен во болница

Претседателот на Собранието, Африм Гаши итно пренесен во болница

23/07/2025
Мајка на четири деца од Струмица се бори за живот – потребна ѝ е итна операција во Турција

Мајка на четири деца од Струмица се бори за живот – потребна ѝ е итна операција во Турција

23/07/2025

Најново

  • Македонец загина во Грција
  • Претседателот на Собранието, Африм Гаши итно пренесен во болница
  • Мајка на четири деца од Струмица се бори за живот – потребна ѝ е итна операција во Турција
  • Спречен обид за подметнување на шумски пожар
  • Нов земјотрес ја стресе Македонија

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Македонец загина во Грција

Македонец загина во Грција

23/07/2025
Претседателот на Собранието, Африм Гаши итно пренесен во болница

Претседателот на Собранието, Африм Гаши итно пренесен во болница

23/07/2025
Мајка на четири деца од Струмица се бори за живот – потребна ѝ е итна операција во Турција

Мајка на четири деца од Струмица се бори за живот – потребна ѝ е итна операција во Турција

23/07/2025
Спречен обид за подметнување на шумски пожар

Спречен обид за подметнување на шумски пожар

23/07/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Македонец загина во Грција
  • Претседателот на Собранието, Африм Гаши итно пренесен во болница
  • Мајка на четири деца од Струмица се бори за живот – потребна ѝ е итна операција во Турција
  • Спречен обид за подметнување на шумски пожар
  • Нов земјотрес ја стресе Македонија

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.