
Во еден од скопските маркети беше забележена необична промотивна понуда што предизвика големо внимание. Иако производот беше означен со попуст, сепак неговата цена останала непроменета.
На фотографијата што кружи на социјалните мрежи, јасно се гледа дека редовната цена е прешкртана, а веднаш до неа е истакната „намалена“ цена, која е всушност иста.
Најинтересниот детал е ознаката што најавува попуст од 0%, што го прави овој маркетиншки потег апсурден.
