
По успешната граѓанска иницијатива во Хрватска, на социјалните мрежи во Босна и Херцеговина се интензивираат повиците за бојкот на продавници, бензински станици, кафулиња и ресторани.
Граѓаните, револтирани од високите цени и нискиот животен стандард, ги користат овие апели како начин за изразување на своето незадоволство.
Организаторите на оваа акција ги повикуваат граѓаните на 31 јануари, петок, да избегнуваат купување и трошење пари.
Тие апелираат сите потребни намирници да се набават однапред, храната да се подготвува дома, а посетите на кафулиња и ресторани да се одложат.