
Денеска, во Општина Сопиште, избувнал пожар во еден од украинските автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), со број на линија 58.
Според изјавите на очевидците, огнот започнал од задниот дел на автобусот, кој во тој момент се наоѓал во близина на приватни куќи и дрвја.
На местото на настанот веднаш пристигнала екипата на противпожарната бригада, која успеала брзо да го изгасне пожарот и да спречи негово ширење кон околината.
Видео: Скопје1