
Фото: Принтскрин
Рускиот претседател Владимир Путин, на состанокот на Советот за безбедност, изрази подготвеност за отворање преговори за прекин на војната во Украина со идниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Путин нагласи дека главната цел на било какви преговори треба да биде постигнување траен и одржлив мир, а не привремен прекин на конфликтот.
Воедно, Путин му упати честитки на Трамп за неговата победа на изборите, и тоа пред официјалната инаугурација.
Според извештај на „Скај Њуз“, американската воена и финансиска поддршка за Украина би можела да биде доведена во прашање под администрацијата на Трамп. Претходно, Трамп јавно изјави дека е подготвен да го реши конфликтот во Украина во рок од 24 часа, доколку добие можност.