Од денес, вработените во Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за дигитална трансформација, Министерството за шумарство и водостопанство, Министерството за правда, Министерството за култура и туризам, Министерството за економија и труд, Министерството за транспорт, како и од Државниот завод за статистика и Државниот архив, започнуваат со активности поврзани со барање за решавање на долгогодишните проблеми со финансирањето и условите за работа.
„Започнуваме денес, во вторник, бидејќи на овој ден се одржува седница на Владата. Апелираме точка за решавање на нашиот проблем да се стави на дневниот ред, со цел да се изнајде начин за обезбедување средства од Буџетот, што би овозможило трајно решение на ова прашање,“ изјави Трпе Деаноски, претседателот на Синдикатот на УПОЗ, на прес-конференцијата.
Тој истакна дека ваквиот проблем со финансирањето е долгогодишен и ги засега сите вработени во овие институции.