Трагичниот настан во Цетиње, каде што животот го загубија 12 лица, вклучувајќи го и самиот сторител Ацо Мартиновиќ, го остави целиот регион во шок и тага.
Сепак, една потресна слика од местото на настанот дополнително ја нагласи трагедијата и ги разбуди емоциите на многумина. Тетката на едно од момчињата кои ги загубија животите сподели фотографија и видео на кои се гледа верното семејно куче, кое трпеливо чека пред празната семејна куќа.
Оваа сцена, натоварена со неизмерна тага, сведочи за верноста на животното, но и за празнината која остана зад убиените. Емоциите што оваа слика ги предизвикува се речиси невозможно да се опишат со зборови.
@telegrafrs Pas na kiši sedi dok gleda dvorište kojim Jovan i Vukan nikad neće ponovo proći: Snimak tera suze na oči 💔 #telegrafrs #telegraftv #cetinje ♬ original sound – telegrafrs