Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Русија Скопје Србија Украина Фросина Кулакова Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија украина фросина кулакова штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Календар на неработни денови: Пет продолжени викенди во 2025 година

Gladiator 01/01/2025

Во 2025 година, македонските граѓани ќе уживаат во пет продолжени викенди благодарение на распоредот на неработните денови. Од вкупно 11 државни празници кои се неработни за сите граѓани, пет се поврзани со викендите – било да се паднати во петок или понеделник, или пак се во недела и според Законот се префрлаат како неработни во понеделник.

Првиот продолжен викенд пристигнува со божикните празници. Неработни ќе бидат понеделник и вторник, 6 јануари (Бадник) и 7 јануари (Божик). Следниот продолжен викенд е поврзан со празнувањето на Курбан Бајрам, кој оваа година се паѓа на недела, 30 март, па соодветно ќе биде префрлен за понеделник, 31 март.

За христијанскиот Велигден, граѓаните ќе одмараат продолжено бидејќи 21 април, понеделник, е прогласен за неработен ден. Дополнително, верниците од православна вероисповед ќе имаат слободен ден и на 18 април (петок), односно Велики Петок.

Други продолжени викенди ќе бидат за Денот на независноста (8 септември), кој оваа година паѓа во понеделник, како и за празникот Свети Климент Охридски (8 декември), кој исто така е понеделник.

Меѓу останатите неработни денови за сите граѓани се:

  • 1 јануари (среда) – Нова Година,
  • 1 мај (четврток) – Ден на трудот,
  • 24 мај (сабота) – Ден на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“,
  • 2 август (сабота) – Ден на Републиката,
  • 11 октомври (сабота) – Ден на народното востание,
  • 23 октомври (четврток) – Ден на македонската револуционерна борба.

Покрај овие, граѓаните од различните верски заедници ќе имаат дополнителни неработни денови. За православните верници, неработни ќе бидат 19 јануари (недела) – Богојавление (Водици), 18 април (петок) – Велики Петок, 6 јуни (петок) – петок пред Духовден, и 28 август (четврток) – Успение на Пресвета Богородица.

Католичките верници ќе одмараат на 1 ноември (петок), Празникот на сите светци, и на 25 декември (четврток), првиот ден на Божик.

Муслиманските верници, пак, ќе го одбележат првиот ден на Курбан Бајрам на 6 јуни (петок) како неработен ден.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

1 јануари (среда), Нова Година, 
7 јануари (вторник), Божик,  првиот ден на Божик според православниот календар, 
30 март (недела), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 31 март (понеделник) е неработен ден,
21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
1 мај (четврток), Ден на трудот
24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители, 
2 август (сабота), Ден на Републиката, 
8 септември (понеделник), Ден на независноста, 
11 октомври (сабота), Ден на народното востание, 
23 октомври (четврток), Ден на македонската револуционерна борба,
8 декември (понеделник), „Св. Климент Охридски”. 

За граѓаните од православна вероисповед

6 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,  
19 јануари (недела), Богојавление (Водици), 
18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден, 
6 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден, 
28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица). 

За граѓаните од католичка вероисповед 

21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден, 
1 ноември (петок), Празникот на сите светци, 
25 декември (четврток), првиот ден на Божик.  

За граѓаните од муслиманска  вероисповед 

6 јуни (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам 

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ 

22 ноември (сабота), Ден на албанската азбука 

За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

27 јануари (понеделник), Свети Сава 

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

8 април (вторник), Меѓународен ден на Ромите  

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

23 мај (петок), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

2 октомври (четврток), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур  

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците  

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик.

Tags: 2025 календар неработни денови

Continue Reading

Previous: Повисоки плати, нови вработувања и инвестиции во македонското здравство во 2025 година
Next: Јаков е првото бебе во 2025 година кое се роди во Македонија

Слична содржина

По две децении поминати со болки: Џенета од Скопје беше успешно оперирана во Косово

По две децении поминати со болки: Џенета од Скопје беше успешно оперирана во Косово

08/06/2025
Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на телефон

Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на телефон

08/06/2025
Одморалиштето „Пониква“ ќе стане центар за рехабилитација на повредените во пожарот во дискотеката

Одморалиштето „Пониква“ ќе стане центар за рехабилитација на повредените во пожарот во дискотеката

08/06/2025

Најново

  • (Фото) Голманот на Пелистер ја посвети освоената титула на починатиот хрватски фудбалер
  • По две децении поминати со болки: Џенета од Скопје беше успешно оперирана во Косово
  • Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на телефон
  • Одморалиштето „Пониква“ ќе стане центар за рехабилитација на повредените во пожарот во дискотеката
  • Големи нереди во Лос Анџелес: Трамп ја испраќа Националната гарда (Видео)

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(Фото) Голманот на Пелистер ја посвети освоената титула на починатиот хрватски фудбалер

(Фото) Голманот на Пелистер ја посвети освоената титула на починатиот хрватски фудбалер

08/06/2025
По две децении поминати со болки: Џенета од Скопје беше успешно оперирана во Косово

По две децении поминати со болки: Џенета од Скопје беше успешно оперирана во Косово

08/06/2025
Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на телефон

Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на телефон

08/06/2025
Одморалиштето „Пониква“ ќе стане центар за рехабилитација на повредените во пожарот во дискотеката

Одморалиштето „Пониква“ ќе стане центар за рехабилитација на повредените во пожарот во дискотеката

08/06/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (Фото) Голманот на Пелистер ја посвети освоената титула на починатиот хрватски фудбалер
  • По две децении поминати со болки: Џенета од Скопје беше успешно оперирана во Косово
  • Наскоро во Македонија: Лична карта и возачка дозвола на телефон
  • Одморалиштето „Пониква“ ќе стане центар за рехабилитација на повредените во пожарот во дискотеката
  • Големи нереди во Лос Анџелес: Трамп ја испраќа Националната гарда (Видео)

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.