Според последните податоци од платформата „IQAir“, Скопје утринава се наоѓа на осмото место меѓу градовите со најзагаден амбиентален воздух во светот, со индекс на загадување од 154.
Клучен фактор за високото ниво на загаденост се ситните ПМ 2,5 честички, чие ниво е измерено на 60,2 микрограми на кубен метар. Дополнително, концентрацијата на поголемите ПМ 10 честички изнесува 73,2 микрограми на кубен метар.
Според параметрите на Светската здравствена организација (СЗО), моменталната концентрација на ПМ 2,5 во Скопје е 12 пати повисока од годишната препорачана граница за квалитет на воздухот.
Овие алармантни податоци повторно го ставаат фокусот на потребата од итни мерки за намалување на загадувањето.