Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил грција дискотека доктор доналд трамп донација земјотрес кочани македонија пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија тепачка тетово трагедија убиство украина црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Светските и македонските лидери му честитаа на Трамп за победата на изборите во САД

Gladiator 06/11/2024

Фото: Принтскрин

Светските лидери денеска му испратија честитки до Доналд Трамп, кандидатот на Републиканската партија, по неговата победа на претседателските избори во САД.

„Честитки за претседателот Доналд Трамп. Подготвен сум да продолжиме соработката, како и во претходните четири години. Со твоите и моите вредности, со почит и амбиција, можеме да придонесеме за поголем мир и просперитет“, напиша францускиот претседател Емануел Макрон на платформата „X“.

Британскиот премиер Кир Стармер, во својата честитка, истакна дека партнерството меѓу Велика Британија и САД ќе продолжи да се развива успешно, изразувајќи надеж за плодна соработка со Трамп во годините што следат.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, во својата порака, нагласи дека Италија и САД се „сестрински нации“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така, му упати „топли честитки“ на Трамп, нагласувајќи дека „ЕУ и САД се повеќе од обични сојузници. Нашето партнерство е врзано за народите од двете страни на Атлантикот, кои сочинуваат 800 милиони граѓани. Време е да работиме на силна трансатлантска агенда за доброто на сите нив“, објави таа на „X“.

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, му ја честиташе победата на Трамп, истакнувајќи дека таа е доказ за силната верба на американскиот народ во принципите на слободата и демократијата. „Со нетрпение очекуваме да ги продлабочиме нашите силни партнерски односи, особено во областа на безбедноста, економскиот развој и демократските реформи“, изјави Мицкоски.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, исто така, испрати честитки до Трамп, нагласувајќи дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија му ја честита победата на изборите и му посакува успех во неговиот мандат.

Tags: америка доналд трамп христијан мицкоски

Continue Reading

Previous: Трамп прогласи победа: Ви благодарам за поддршката, ќе ја излечиме Америка
Next: Трагедија во Аризона: Петмина загинаа при уривање на мал авион во близина на Феникс (Видео)

Најново

  • (ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија
  • Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап
  • (ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска
  • Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа
  • (ВИДЕО) Две земји би можеле да се вклучат во борбата со Иран

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

(ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија

(ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија

24/03/2026
Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап

Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап

24/03/2026
(ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска

(ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска

24/03/2026
Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

24/03/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • (ВИДЕО) Путин призна нешто што никој не го очекуваше во Русија
  • Историски резултат на Атанасовска: Македонската скијачка имаше одличен настап
  • (ВИДЕО) „Ако некој одлучил да прави циркузант од себе, дозволете му“: Мицкоски за новинарот кој ѝ бараше преведувач на Јаневска
  • Мицкоски: Во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа
  • (ВИДЕО) Две земји би можеле да се вклучат во борбата со Иран

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.