Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Тагови

Александар Вучиќ Арбен Таравари Васил Јованов Владимир Путин Володимир Зеленски ДНК Данела Арсовска Доналд Трамп Кочани Македонија Никола Станишиќ Русија Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус грција дискотека доналд трамп донација земјотрес кисела вода кочани македонија нови сад пари плата пожар полиција помош протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија струја тетово трагедија фросина кулакова црква штип

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

Анкета: 20% од граѓаните поддржуваат уставни измени

Gladiator 17/02/2025

Европската унија останува клучен сојузник и најголем економски партнер на Македонија, а поддршката за членството во ЕУ се зголемила на 62%, што претставува прв пораст по четири години опаѓање, објави „Сител“.

Сепак, оваа поддршка не се рефлектира врз уставните измени. Според истражувањето на Институтот за демократија, само 20% од граѓаните се согласуваат со внесувањето на Бугарите во Уставот, додека исто толку сметаат дека преговорите треба да запрат или дека треба да се промени преговарачката рамка. Поддршката за ЕУ е најголема кај лицата на возраст од 35 до 54 години, додека младите до 24 години повеќе се залагаат за зајакнување на односите со Кина. Постарата популација над 65 години, пак, гледа поголема потреба од соработка со Русија.

Евроамбасадорот Рокас ја оцени високата поддршка за ЕУ како охрабрувачка, како и неодамнешната средба меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Бугарија, особено во контекст на европските безбедносни предизвици.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Македонија не треба повторно да го менува Уставот без конкретни гаранции дека евроинтегративниот процес ќе напредува. Тој нагласи дека владата ќе бара такви гаранции од Брисел, Софија и Вашингтон. Според него, земјата веќе имала негативно искуство со уставните измени поврзани со името, што оправдува барање за поголема извесност во пристапниот процес кон ЕУ.

Истражувањето покажува дека поддршката за членство во ЕУ се зголемила и кај симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, од 43% во 2023 година на 55% во 2024. Сепак, само 4% од нив поддржуваат уставни измени, додека поддршката меѓу симпатизерите на СДСМ, ДУИ и ВРЕДИ се движи од 45 до 60%.

Анкетата е спроведена теренски од 25 октомври до 4 декември минатата година врз репрезентативен примерок од 1056 испитаници велат од „Сител“.

Tags: анкета европска унија македонија

Continue Reading

Previous: Видео: Џиновско знаме на Косово денеска се вееше на Попова Шапка
Next: Фолк-пејачката Василија кажа дека е Македонка, па ѝ се налутија Бугарите (Видео)

Слична содржина

Крушево повторно ќе биде домаќин на љубителите на параглајдингот

Крушево повторно ќе биде домаќин на љубителите на параглајдингот

23/07/2025
(Видео) 10 пожарникари загинаа, а 14 се повредени при гаснење шумски пожар во Турција

(Видео) 10 пожарникари загинаа, а 14 се повредени при гаснење шумски пожар во Турција

23/07/2025
Девојките и момците во баскет 3х3 ја израдуваа Македонија

Девојките и момците во баскет 3х3 ја израдуваа Македонија

23/07/2025

Најново

  • Крушево повторно ќе биде домаќин на љубителите на параглајдингот
  • (Видео) 10 пожарникари загинаа, а 14 се повредени при гаснење шумски пожар во Турција
  • Девојките и момците во баскет 3х3 ја израдуваа Македонија
  • Познато кој ќе ја замени Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“
  • (Видео) Се урна авион на автопат во Италија – познат идентитетот на жртвите

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

Крушево повторно ќе биде домаќин на љубителите на параглајдингот

Крушево повторно ќе биде домаќин на љубителите на параглајдингот

23/07/2025
(Видео) 10 пожарникари загинаа, а 14 се повредени при гаснење шумски пожар во Турција

(Видео) 10 пожарникари загинаа, а 14 се повредени при гаснење шумски пожар во Турција

23/07/2025
Девојките и момците во баскет 3х3 ја израдуваа Македонија

Девојките и момците во баскет 3х3 ја израдуваа Македонија

23/07/2025
Познато кој ќе ја замени Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“

Познато кој ќе ја замени Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“

23/07/2025

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • Крушево повторно ќе биде домаќин на љубителите на параглајдингот
  • (Видео) 10 пожарникари загинаа, а 14 се повредени при гаснење шумски пожар во Турција
  • Девојките и момците во баскет 3х3 ја израдуваа Македонија
  • Познато кој ќе ја замени Марија Шерифовиќ во „Ѕвездите на Гранд“
  • (Видео) Се урна авион на автопат во Италија – познат идентитетот на жртвите

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2025 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.