Фото: Facebook/Jane Stojcevski
Павел Јовановски имаше одличен настап на Malta E2 European Ranking Tournament, каде што го освои златниот медал во јуниорска конкуренција над 78 килограми.
Македонскиот таеквондист го започна турнирот со слободно прво коло, по што го очекуваше најважниот предизвик – финалната пресметка за златото. Негов противник беше Џузепе Феранте од Италија.
Јовановски го оправда пласманот во завршницата и успеа да го совлада италијанскиот натпреварувач, со што се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.
