Фото: Принтскрин
Верижна сообраќајна незгода се случила на булеварот „Трета македонска бригада“, во скопската населба Мичурин, во општина Аеродром.
Според првичните информации, во сообраќајката учествувале повеќе возила, а судирот се случил во близина на семафорите.
Засега нема информации за повредени лица. Се очекуваат повеќе детали за околностите под кои дошло до незгодата.
