Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Бугарија Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Комунална хигиена со акција низ Скопје: Темелно се чисти!

Gladiator 27/10/2026

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа темелно чистење и рачно миење на просторот под Камениот мост, со цел подобрување на хигиената на една од најпрепознатливите локации во главниот град.

Акцијата е дел од редовните активности на претпријатието за одржување на јавната чистота и отстранување на отпадот од јавните површини низ Скопје.

Покрај интервенцијата во централното градско подрачје, во текот на изминатата седмица биле отстранети 905 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од диви депонии на територијата на сите скопски општини. Најголема количина отпад, односно 190 кубни метри, била собрана во општина Ѓорче Петров.

Од претпријатието информираат дека во истиот период биле собрани и транспортирани околу 3.000 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти во Скопје. Паралелно продолжува и обновувањето на контејнерите за отпад, при што досега се поставени 700 нови садови на местото на старите и дотраени.

Во рамките на контролите за одржување на јавната хигиена, еко-патролата минатата недела составила 25 записници за физички и правни лица кај кои биле утврдени прекршувања на Законот за јавна чистота. Од нив, 10 биле врачени на подрачјето на општина Чаир.

Паралелно со активностите на терен, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги започна и едукативните програми за новата учебна 2026/2027 година. Првите еко-работилници се одржаа во градинката „Снежана“ во општина Чаир, каде што учествуваа 150 деца од двата објекта.

Преку едукативни активности, најмладите се запознаа со правилното фрлање на отпадот, основите на селекцијата, како и со значењето на рециклирањето и повторната употреба на материјалите.

Од претпријатието посочуваат дека одржувањето на чиста животна средина бара континуирана работа на терен, но и поголема одговорност од граѓаните при одлагањето на отпадот.

Tags: Комунална Скопје чистење

Continue Reading

Previous: Четири дена на работа, три дена одмор: Се разгледува нов модел на работна недела!
Next: Историски медицински успех: Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретко генетско заболување!

Најново

  • По една деценија заедно, го тужела поранешниот партнер и барала огромна отштета: Еве која е причината!
  • Историски медицински успех: Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретко генетско заболување!
  • (ФОТО) Комунална хигиена со акција низ Скопје: Темелно се чисти!
  • Четири дена на работа, три дена одмор: Се разгледува нов модел на работна недела!
  • Трагедија во Ѓорче Петров: 76-годишна жена пронајдена мртва, ова се деталите!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

По една деценија заедно, го тужела поранешниот партнер и барала огромна отштета: Еве која е причината!

По една деценија заедно, го тужела поранешниот партнер и барала огромна отштета: Еве која е причината!

27/10/2026
Историски медицински успех: Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретко генетско заболување!

Историски медицински успех: Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретко генетско заболување!

27/10/2026
(ФОТО) Комунална хигиена со акција низ Скопје: Темелно се чисти!

(ФОТО) Комунална хигиена со акција низ Скопје: Темелно се чисти!

27/10/2026
Четири дена на работа, три дена одмор: Се разгледува нов модел на работна недела!

Четири дена на работа, три дена одмор: Се разгледува нов модел на работна недела!

27/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • По една деценија заедно, го тужела поранешниот партнер и барала огромна отштета: Еве која е причината!
  • Историски медицински успех: Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретко генетско заболување!
  • (ФОТО) Комунална хигиена со акција низ Скопје: Темелно се чисти!
  • Четири дена на работа, три дена одмор: Се разгледува нов модел на работна недела!
  • Трагедија во Ѓорче Петров: 76-годишна жена пронајдена мртва, ова се деталите!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.