Фото: Принтскрин
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче испрати поддршка до студентите во пресрет на предвремените парламентарни избори во Србија.
Филипче, исто така, го обвини српскиот политичар Александар Вучиќ дека подготвува нерегуларности за време на изборите.
„Србија утре гласа за ослободување од криминалната власт. По речиси две години мирни протести, студентите успеаја да дојдат до шанса за промена на системот. Вучиќ планира да ги украде изборите“, напиша Филипче на „Икс“.
