Фото: Принтскрин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека војската во февруари 2022 година не била подготвена за рускиот напад од Белорусија кон Киев.
Во интервју, Зеленски покажа воена мапа и објасни како руските сили стигнале во близина на украинската престолнина.
„Никој не очекуваше да дојдат низ Белорусија и да напредуваат кон Киев. Затоа таму немавме посилни воени единици. Тоа е факт. Замислите да тргне на вас со 200.000 војници. Едноставно е невозможно да одбраните сè. За тоа ви е потребна војска каква што имаме денес, со 800.000 војници“, кажа Зеленски.
