Фото: Принтскрин
Центарот на италијанскиот град Милано се претвори во сцена на насилни судири, откако протестите против растот на животните трошоци и незадоволството од јавните услуги ескалираа во нереди.
Насилството особено ескалира во централниот дел на градот, околу плоштадот „Дуомо“, каде што маскирани демонстранти фрлаа камења и други предмети кон полициските сили.
На протестите и хаосот реагираше и италијанската премиерка Џорџа Мелони, која порача дека правото на протест не смее да биде изговор за уништување на градовите и напади врз полицијата.
