Фото: Храм ,,Св.Пророк Илија" - Миладиновци
На профилот на храмот „Свети Пророк Илија“ на социјалните мрежи беше објавено дека повторно е оштетен светиот објект.
„Почитувани жители на Миладиновци, Со голема загриженост и неверување ве известуваме дека нашиот заеднички храм „Свети Пророк Илија“ повторно беше цел на вандализам и сквернавење од страна на неодговорни лица. При овој последен инцидент е направена материјална штета — скршени се стакла на самиот храм ( стариот објект) , како и на помошните простории. Инцидентот е веќе пријавен во надлежните полициски органи и очекуваме соодветна истрага и пронаоѓање на сторителите. Во прилог испраќаме/приложуваме фотографии од причинетата штета. Црквата е место за мир, духовно спокојство и собир на сите нас. Ваквите деструктивни чинови се штетни за целата наша заедница. Апелираме до сите жители: *Доколку забележите било какво сомнително однесување околу црквата или помошните објекти, веднаш да пријавите во полиција или кај црковниот одбор. *Да бидеме сите поодговорни и заедно да го чуваме и заштитуваме нашиот свети храм. Ви благодариме на разбирањето и поддршката“, се вели во објавата.
