Фото: Facebook/Фудбалска Репрезентација на Македонија
ФК Карпошово, составен од спортисти со Даунов синдром, го освои првото место на Балканското првенство, кое се одржуваше од 2 до 4 октомври во Софија, Бугарија.
„Голем успех за македонскиот инклузивен фудбал! ФК „Карпошово“, составен од спортисти со Даунов синдром и лесна интелектуална попреченост, го освои првото место на Балканското првенство, кое од 2 до 4 октомври се одржа во Софија, Бугарија“, објави ФФМ.
