Слаб земјотрес попладнево го погоди југозападниот дел на Македонија. Потресот бил со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала, а засега нема информации за евентуална материјална штета.
Според податоците од платформите за следење на сеизмичката активност, земјотресот бил регистриран во 15:34 часот, на длабочина од околу 15 километри под површината на земјата.
Епицентралното подрачје се наоѓа во близина на Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, во околината на Љубаништа.
Потреси со ваков интензитет се сметаат за многу слаби и најчесто минуваат без последици. Во одредени околности може да бидат почувствувани од луѓе кои мируваат, особено во повисоките делови на зградите.
Засега нема пријави за причинета штета, ниту информации за други последици од земјотресот.
Веста ја пренесува 4news.mk
