Граѓаните на Скопје од утре, 13 октомври, ќе добиваат топлинска енергија, откако пониските температури ги наметнаа условите за порано започнување на грејната сезона. Информацијата ја соопштија од ЕСМ Снабдување со топлина.
Со испораката на топлинска енергија ќе бидат опфатени потрошувачите приклучени на системите за централно греење под надлежност на ЕСМ, меѓу кои и корисниците на Подружницата „Енергетика“.
Иако според утврдениот календар грејната сезона треба да започне на 15 октомври, постојните правила овозможуваат таа да се активира и пред официјалниот датум кога временските услови го бараат тоа. Прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека средната дневна надворешна температура за утре ќе достигне само 12 степени Целзиусови.
Од ЕСМ појаснуваат дека во текот на октомври и во првата половина на ноември динамиката на испорака на топлинска енергија ќе се приспособува според временските прилики и промените на надворешната температура.
Во пресрет на почетокот на греењето, од компанијата апелираат до потрошувачите навреме да ги проверат и подготват внатрешните грејни инсталации. Истовремено, потребно е да се овозможи непречен пристап до топлинските потстаници за системот да функционира без пречки.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
