Сообраќајна незгода се случила во местото Брѓани, во близина на Горњи Милановац, Србија, откако шлепер се превртел на патот.
По превртувањето, товарот од камионот се расфрлал по коловозот, при што на патот завршиле повеќе од 500 гајби со Кока-Кола. Поради инцидентот, сообраќајот во овој дел се одвивал отежнато.
Според првичните информации, во несреќата немало повредени лица.
Веста ја пренесува Rina.rs

