Судот во Турција донесе исклучително строга пресуда во случај со сообраќајна несреќа со смртни последици. Возач кој со брзина од дури 229 километри на час удрил во возило пред него, при што животот го загубил другиот возач, е осуден на 25 години затвор.
Според пресудата, делото е квалификувано како убиство со умисла, а не како сообраќајно кривично дело сторено од небрежност.
Случајот привлече особено внимание бидејќи ваквите трагични сообраќајни инциденти најчесто се процесуираат како дела извршени од небрежност. Токму поради тоа, оваа пресуда се оценува како преседан во вакви случаи.
Веста ја пренесува Pepo.vesti
