Оливија Родриго уште на самиот старт од својата нова турнеја приреди сцена која никој во публиката не ја очекуваше.
За време на настапот на „The Cure“, од сцената почна да паѓа вода, создавајќи ефект на дожд, а белиот фустан што го носеше пејачката постепено почна да се распаѓа и да го открива црвениот фустан под него.
Сепак, сценскиот трик не се одвиваше целосно мазно. Родриго мораше сама да отстрани дел од натопената облека, што на целиот момент му даде уште понеочекуван пресврт.
Снимките од настапот експресно се проширија на социјалните мрежи, каде што реакциите беа различни. Додека едни го опишуваат настапот како спектакуларен и впечатлив, други се пошегуваа со изгледот на фустанот откако се натопил.
Како и да е, првата вечер од „The Unraveled Tour“ дефинитивно не помина незабележано.
Веста ја пренесува Trn.mk_
