Фото: Принтскрин
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека 13-годишник бил донесен со повреди во болница во Скопје.
„На 25.09.2026 во 15:38 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен 13-годишник од Скопје. Според пријавеното, околу 12:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од С.Р. – родител на негов соученик“, соопшти МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
