Романија е потресена од трагичната смрт на 22-годишната Викторија, ќерка на поранешниот романски политичар Казимир Јонеску.
Младата девојка била на престој кај пријатели во фарма во општината Мушатешти, во округот Арџеш. Според досегашните информации, таа пристигнала таму на 21 август, а последен пат била забележана во вторникот навечер.
Следното утро, домаќинот ја пронашол Викторија без знаци на живот и веднаш го известил полицијата.
Полициските екипи и форензичарите извршиле увид на местото, при што, според првичните наоди, не биле забележани траги кои би упатувале на насилна смрт.
Истрагата засега се движи во насока на самоубиство. Романските власти соопштија дека во објектот било пронајдено и писмо наменето за нејзиното семејство.
Според информациите објавени во романските медиуми, Викторија во минатото се соочувала со депресија.
Конечниот одговор за причината за смртта треба да го даде обдукцијата. Во меѓувреме, полицијата продолжува да ги проверува сите околности поврзани со трагичниот настан.
Од полицијата во округот Арџеш потврдиле дека на 26 август добиле пријава за трагичен случај во објект во општината Мушатешти.
На местото веднаш биле испратени полициски службеници од руралната полициска станица Домнешти, како и медицинска екипа.
За жал, лекарите можеле само да констатираат смрт кај 22-годишната девојка, која била од Букурешт.
Веста ја пренесува Kurir.rs

