Седумнаесетгодишната Јована Косовац е новата учесничка во „Елита 10“, а на потпишувањето на договорот пристигна со својата мајка.
Бидејќи Јована е малолетна, нејзината мајка морала да биде присутна за да се заврши процедурата. Младата учесничка откри дека одлуката да влезе во реалното шоу предизвикала голем шок кај нејзините најблиски.
„Имам 17 години. Свесна сум дека сум главна тема, но не летам високо. Моите се шокирани“, изјавила Јована.
По најавата за нејзиното учество, таа им порача на оние кои ја критикуваат да не ја осудуваат пред да ја запознаат.
Вели дека во „Елита 10“ влегува за да се забавува и да направи интересна приказна.
Таа открила и дека Маја Маринковиќ ѝ е една од омилените учеснички, додека Миљана ја обожава. За Маја вели дека ѝ е идол, но не сака целосно да се поистоветува со неа.
Веста ја пренесува Blic.rs

