Концертот на Александра Пријовиќ во Бања Лука во еден момент беше прекинат откако на една девојка од публиката ненадејно ѝ се слошило.
Додека атмосферата во салата била на врвно ниво, пејачката забележала дека во публиката се случува нешто необично. Без двоумење, таа го прекинала настапот и побарала веднаш да се реагира.
Пријовиќ прво се обидела да ѝ помогне на девојката со вода, а потоа преку микрофонот побарала од присутните и од медицинската екипа да ѝ помогнат.
„Дајте ми вода, некоја, фрлете! Повикајте Брза помош!“, извикала пејачката пред публиката.
Ситуацијата, за среќа, набрзо била ставена под контрола. На девојката ѝ била укажана потребната помош, по што немало дополнителни проблеми.
По кратката пауза, концертот продолжил, а атмосферата во салата повторно се вжештила. Реакцијата на Пријовиќ покажала дека во моментите кога е најважно, безбедноста на публиката е пред сè.
Веста ја пренесува Informer.rs
