Во Основниот суд во Куманово денеска започна судскиот процес против 25-годишниот Трајко Бојковски, кој се соочува со тешки обвиненија за повеќе убиства и обид за убиство. Обвинетиот беше спроведен во судницата под силно полициско обезбедување и со лисици на рацете.
Според обвинението, Бојковски се товари за четири кривични дела убиство, како и за едно кривично дело обид за убиство. Постапката ја води јавниот обвинител Љубомир Лапе од Основното јавно обвинителство Куманово.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, особено поради тоа што, според досега објавените информации, најголем дел од жртвите биле повозрасни жени, додека една од жртвите била 35-годишна жена.
Во текот на судската постапка се очекува да бидат изведени доказите и да се утврдат сите околности поврзани со случајот што со месеци е во фокусот на јавноста во Кумановско и пошироко.
Веста ја пренесува 24chasa.mk
