Skip to content
Gladiator Vesti

Gladiator Vesti

Социјални мрежи

  • Facebook

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Тагови

Александар Вучиќ Владимир Путин Володимир Зеленски Грција Данела Арсовска Доналд Трамп Израел Иран Кочани Македонија Русија САД Скопје Србија Украина Христијан Мицкоски авион автобус автомобил бензин болница гориво грција дискотека донација земјотрес инцидент кочани македонија напад несреќа пари плата пожар полиција протест пукање пулс русија скопје сообраќајка србија трагедија убиство црква
  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
    • Разно
    • Храна
    • Забава
    • Хороскоп
    • Интервјуа
  • Најново
    • Вонредни вести
    • Актуелно
    • Истакнато
    • Наш избор
    • Хроника
  • Донации
Гледај во живо

(ФОТО) Софија Ѓорчева од Кавадарци блесна во Несебар: Освои три медали и златен пехар на престижниот меѓународен натпревар!

Gladiator 09/07/2026

Младата математичарка Софија Ѓорчева од Кавадарци продолжува да ги ниже успесите на меѓународната сцена. На финалето на престижниот натпревар „Математика без граници“, кое се одржа во Несебар, Бугарија, таа оствари извонреден резултат, освојувајќи три значајни признанија и уште еднаш потврдувајќи дека припаѓа на самиот врв меѓу младите математички таленти.

Во силна меѓународна конкуренција, Софија го освои златниот пехар во најпрестижната категорија „Ludovico Ferrari“, златен медал во тимската конкуренција и сребрен медал во индивидуалното финале. Овие достигнувања се резултат на долгогодишна посветеност, континуирана работа и исклучителни математички способности.

До настапот во финалето таа стигна по четири квалификациски циклуси, во кои секојпат беше наградена со златен медал. На натпреварот учествуваа илјадници ученици од 46 држави, што дополнително ја нагласува тежината и вредноста на нејзиниот успех.

Љубовта на Софија кон математиката започнала уште во четврто одделение. Оттогаш редовно освојува максимален број поени на општинските и регионалните натпревари, има бројни државни признанија и е редовен учесник на Македонската математичка олимпијада, каде што постојано ги потврдува своите знаења и способности.

Покрај домашните успеси, Софија е и сребрена медалистка на меѓународниот натпревар International Youth Math Challenge (IYMC), каде што го постигна најдобриот резултат меѓу сите натпреварувачи од Македонија.

Нејзиниот најнов успех претставува уште една потврда дека упорноста, трудот и знаењето носат врвни резултати. Софија Ѓорчева е вистински пример за младите генерации и гордост не само за Кавадарци, туку и за цела Македонија.

Веста ја пренесува Crnobelo.com

Tags: медали Несебар пехар Софија

Continue Reading

Previous: (ВИДЕО) Дрога во напуштен подрум во Аеродром: Полицијата откри екстази, марихуана и халуциногени печурки!
Next: (ФОТО) Македонски шампион во светска конкуренција: Коста Попристовски од Богданци го освои врвот на „Математика без граници“!

Најново

  • „Приказната за чумата во епрувета е лага, јас ја знам вистината“: Се јави мајката на починатата руска научничка
  • (ВИДЕО) Застрашувачки сцени: Ова се првите снимки од рускиот напад врз автобуска станица во Украина
  • (ВИДЕО) МВР го казни возачот кој блокираше сообраќај во Скопје
  • „Паричките ги заработивме со земјоделие, ги чувавме за стари денови“, вели мајката на судијата Ѓоко Ристов за 350.000 евра
  • (ВИДЕО) Наместо дозволените 80 км/ч, еве колку возел – па снимката ја објавил на Инстаграм!

Категорија

  • Актуелно
  • Балкан и Свет
  • Вонредни вести
  • Донации
  • Забава
  • Интервјуа
  • Истакнато
  • Магазин
  • Македонија
  • Најново
  • Наш избор
  • Разно
  • Спорт
  • Хороскоп
  • Храна
  • Хроника

Социјални мрежи

  • Facebook

Не пропуштајте

„Приказната за чумата во епрувета е лага, јас ја знам вистината“: Се јави мајката на починатата руска научничка

„Приказната за чумата во епрувета е лага, јас ја знам вистината“: Се јави мајката на починатата руска научничка

08/10/2026
(ВИДЕО) Застрашувачки сцени: Ова се првите снимки од рускиот напад врз автобуска станица во Украина

(ВИДЕО) Застрашувачки сцени: Ова се првите снимки од рускиот напад врз автобуска станица во Украина

08/10/2026
(ВИДЕО) МВР го казни возачот кој блокираше сообраќај во Скопје

(ВИДЕО) МВР го казни возачот кој блокираше сообраќај во Скопје

08/10/2026
„Паричките ги заработивме со земјоделие, ги чувавме за стари денови“, вели мајката на судијата Ѓоко Ристов за 350.000 евра

„Паричките ги заработивме со земјоделие, ги чувавме за стари денови“, вели мајката на судијата Ѓоко Ристов за 350.000 евра

08/10/2026

КОНТАКТИРАЈ СО НАС:

info@gladiatorvesti.mk

Најново

  • „Приказната за чумата во епрувета е лага, јас ја знам вистината“: Се јави мајката на починатата руска научничка
  • (ВИДЕО) Застрашувачки сцени: Ова се првите снимки од рускиот напад врз автобуска станица во Украина
  • (ВИДЕО) МВР го казни возачот кој блокираше сообраќај во Скопје
  • „Паричките ги заработивме со земјоделие, ги чувавме за стари денови“, вели мајката на судијата Ѓоко Ристов за 350.000 евра
  • (ВИДЕО) Наместо дозволените 80 км/ч, еве колку возел – па снимката ја објавил на Инстаграм!

Пребарај

  • Македонија
  • Балкан и Свет
  • Спорт
  • Магазин
  • Најново
  • Донации
  • Facebook
© Copyright 2026 Gladiator - Powered by dbT18 | DarkNews by AF themes.