Младиот македонски пејач Наум Бумбароски приреди незаборавен музички момент во Милано, изведувајќи ја легендарната песна „Рани на усните“ од Тоше Проески.
Македонските стихови одекнаа во срцето на италијанскиот град, а публиката со силен аплауз и видливи емоции ја награди неговата интерпретација. Атмосферата беше исполнета со гордост и носталгија, а настапот предизвика бројни позитивни реакции.
Видеото од настапот веќе се шири на социјалните мрежи, каде што многумина ја пофалија изведбата на Бумбароски и начинот на кој му оддаде почит на музичката легенда Тоше Проески.
Видео превземено од Roberto Navali.
