Има луѓе кои со години несебично им помагаат на другите, без да очекуваат ништо за возврат. Секогаш се први кога некој има потреба од поддршка, утеха или помош. Таква личност е Анче Туфекчиева од Струмица – мајка, сопруга и хуманитарка која повеќе од 17 години неуморно се залага за подобар живот и достоинство на лицата со попреченост.
Како мајка на Верче, девојка со Даунов синдром, Анче својата животна мисија ја претвори во борба за сите деца и семејства кои се соочуваат со слични предизвици.
Денес, судбината ја стави пред најголемиот предизвик. На Анче ѝ е дијагностициран карцином и таа веќе ја започна својата борба со болеста. Пред неа се месеци исполнети со терапии, редовни патувања до Клиниката во Скопје, набавка на лекови и многу дополнителни трошоци кои претставуваат сериозен финансиски товар за нејзиното семејство.
И покрај тешката дијагноза, Анче не се предава. Со вера и храброст чекори напред, но за оваа битка ѝ е потребна поддршката од сите нас.
Затоа упатуваме искрен повик до секој што е во можност – да донира според своите можности и да го сподели овој апел. Не постои мала донација. Секој денар, секое споделување и секој гест на солидарност може да направи огромна разлика и да ѝ даде сила да продолжи да се бори, велат во апелот на фејсбук страницата Струмица денес.
Податоци за донација:
Примач: Анче Туфекчиева
Трансакциска сметка: 300037114378074 – Комерцијална банка

