Фото: Принтскрин
Фудбалскиот клуб Вардар се искачи на првото место во Првата македонска фудбалска лига, откако во Тетово го совлада големиот ривал Шкендија со минимални 1-0.
Решавачкиот момент се случи на почетокот од второто полувреме, кога топката ја погоди раката на Алхасан во шеснаесетникот на Шкендија. Судијата без двоумење покажа на белата точка, а сигурен реализатор на пеналот беше Давид Бабунски, кој му донесе голема победа на својот тим.
Интересно е тоа што овој успех за Вардар е важен, бидејќи е прв триумф над Шкендија по цели осум години.
