
Фото: Принтскрин
Украина во текот на ноќта извела нови дрон напади врз енергетската инфраструктура во Русија, насочени кон рафинерии во Саратовската и Самарската област, јавуваат повеќе руски „Телеграм“ канали повикувајќи се на изјави на очевидци. Нападите се дел од засилената украинска кампања против нафтената и гасната индустрија на Русија.
Според сведоштва на жители на Саратов, беспилотно летало погодило рафинерија на периферијата на градот, предизвикувајќи силна експлозија. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа моментот на ударот, како и фотографии од голем пожар што бил видлив и од централните делови на градот.
Украинската армија информираше дека погодената рафинерија учествува со 2,54 проценти во вкупниот капацитет на преработка на нафта во Русија, што ја прави стратешки значајна цел.
Гувернерот на Саратовската област, Роман Бусаргин, во своето официјално соопштение не ја спомена рафинеријата, но потврди дека е оштетена станбена зграда во градот како последица на удар од дрон, при што едно лице било повредено.
A drone strike hit the Novokuybyshevsk Oil Refinery in Russia’s Samara region during the night of 20 September. pic.twitter.com/BcBcXZIHHq
— WarTranslated (@wartranslated) September 20, 2025
Saratov 🔥🔥🔥🔥🔥 https://t.co/kk4jYNwPn0 pic.twitter.com/umFGGPAzun
— MAKS 25 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) September 19, 2025